Производи и услуги

За нас


АНИМА (на повеќе јазици значи душа) како да е предодредена да биде фирма-пионер во многу области, па така:

  • 2001 година - Први во Македонија направивме мултимедијални компјутерски курсеви за изучување на основните програми за работа со компјутер, како и курсеви на CD за учење странски јазици.
  • 2002 година - Први во Македонија направивме дигитална векторска мапа на сите патишта во републиката и детална мапа на Скопје, така што почнавме да нудиме GPS решение за пасивна и активна контрола на возила. За собирање на податоците од терен користевме наше возило опремено со GPS уред, а потоа податоците се префрлани во компјутер и цртана е векторската мапа.
  • 2004 година – Први во Македонија направивме мултимедијални дискови за работа со компјутер, според познатиот светски стандард ECDL.
  • 2005 година - Први во Македонија понудивме компјутер за 99 EUR и бевме најголем увозник на половни бренд компјутери и монитори.
  • 2006 година – Први во Македонија направивме детски едукативни игри за компјутер, на македонски и на албански јазик.
  • 2007 година – Први во Македонија направивме девет on-line компјутерски курсеви за популарниот портал idividi.com.mk.
  • 2013 година – Први во Македонија поставивме комерцијални автоматски фотелји за масажа на повеќе јавни места: скопски аеродром, Skopje City Mall, Ramstore Mall и др.
  • 2013/14 година – Станавме ексклузивен дистрибутер на BIOTREE за Македонија, Албанија и Косово на саден материјал од овошјето гоџи и брзорастечкото дрво пауловнија, и први во Македонија понудивме договори за гарантиран откуп на гоџи на нашите кооперанти.
  • 2014 година – Први во Македонија понудивме изработка на три модели на фотелји за масажа по нарачка и нивна достава до дома.
  • 2014 година – Станавме првата официјално регистрирана фирма за откуп на овошјето гоџи во Македонија, и успешно го завршивме првиот откуп од нашите кооперанти.
  • 2014 година – Го направивме првиот регистриран електромобил во Македонија и понудивме кит-комплети за изработка на електромобили и електровелосипеди
  • 2016 година – За прв пат во Македонија нудиме гарантирано наоѓање подземни води и брзо и квалитетно дупчење бунари (т.н. “бушотини”), со 100% гаранција за извршената работа!

Контакт

Адреса

ул. 1520 бр. 6 (Индустриска зона Пинтија)
1000 Скопје

Телефон

(02) 2 784 084

Е-mail

info@anima.com.mk