- Комплетно решение за GPS
- e-ТЕСТ – софтверско решение за подготовка на тестови и компјутерско тестирање на знаењата
Комплетно решение за GPS
Во склоп на Анима, почна со работа GPS InfoNet системот. Тој е првенствено дизајниран за лоцирање и следење во реално време на сите видови возила, како и перманентна контрола на движењето на деца, стари луѓе, домашни миленичиња и разни други подвижни објекти.
Системот GPSInfoNet претставува комплетно решение од интегриран хардвер и софтвер. Неопходно е само да се инсталира GPS уред во возилото и софтвер во вашиот компјутер. Така ќе можете да го набљудувате движењето на вашиот автомобил, или на пример камион, визуелизирано врз дигитална патна карта на екранот од вашиот компјутер, и од далечина да ги контролирате објектите и набљудуваните параметри.
GPS InfoNet овозможува :
- сателитско позиционирање во реално време, како и анализа на веќе поминат пат
- мониторинг на работењето на моторот и брзината на возење, идентификација на возачите, следење на потрошувачката на гориво, информација дали вратите се отворени или затворени, следење на волтажата на акумулаторот и мониторинг врз многу други параметри
- спречување кражби на моторни возила, како и следење и откривање на веќе украдени возила и киднапирани лица
- намалување на осигурителните измами
- оптимизација на возен парк
- отимизација на маршрутите и роковите на испорака
- зголемување на квалитетот на понудените транспортни услуги
- намалување на патните трошоци
GPS InfoNet може да биде од корист за повеќе сегменти:
- логистика
- транспортна дејност
- дистрибутерска дејност
- транспорт на специјални или опасни товари
- такси превоз
- менаџмент на возен парк
Бенифиции од користење на GPS InfoNet системот:
- Системот стимулира повеќе патувања зголемувајќи го бројот на извршени нарачки, што влијае на зголемувањето на приходот и до 30%.
- Вашата компанија станува поконкурентна, се зголемува квалитетот на вашата услуга и бројот на задоволни клиенти.
- Лесното планирање и оптимизација на траекторијата ќе допринесат вашата компанија да заштеди и до 20% на трошоците за гориво и одржување, а се зголемува и работниот век на возилата.
- Контрола на ситуацијата во реално време.
- Функцијата „Geofencing“ („Географско ограничување“) ги намалува GSM телефонските сметки на менаџерите и возачите.
- Комуникацијата со возачите станува брза и евтина.
- Спречува нечесни работа (кражба на гориво и др.).
- Акумулираните податоци можат да се префрлат на сервер на два начина: преку SMS и GPRS и на тој начин да заштедите на GSM телефонските сметки.
е-ТЕСТ - Софтверско решение за подготовка на тестови и компјутерско тестирање на знаењата
е-ТЕСТ е составен од две посебни програми:
- Серверска апликација
- служи за подготовка на тестовите и нивно едитирање
- се активира на компјутерот од наставникот или оној што го врши тестирањето
- Клиентска апликација
- служи за извршување на процесот на тестирањето
- се активира на компјутерите со кои работат учениците/студентите/кандидатите (преку LAN)
Дизајнот и корисничкиот интерфејс се крајно поедноставени со цел корисниците на
е-ТЕСТ лесно да се снаоѓаат при неговата употреба.
Краток опис на е-ТЕСТ
- Работа со серверската апликација
По активирањето на е-ТЕСТ се појавува воведниот екран:
Потоа се појавува прозорецот во кој наставникот или оној што го врши тестирањето треба да се логира со соодветно корисничко име и лозинка:
По логирањето, се влегува во прозорецот каде може да се подготвуваат нови тестови или да се повика веќе некој претходно направен, готов тест, за евентуално негово едитирање, т.е. променување на некои од прашањата, одговорите и сл. Секако, со избор на некој од веќе направените тестови го вршиме самиот процес на тестирање.
Кога правиме нов тест, самите го пишуваме прашањето во полето за таа намена. За пишување може да се користи по потреба кирилица или латиница (јазична поддршка).
Одговорите на прашањето (точни и неточни) самите ги внесуваме во полињата за таа намена. На располагање ни се следниве типови на прашања/одговори:
- На прашањето „Дали ....?“ одговорот под „а“ може да биде на пр. „точно“ или „неточно“, односно „да“ или „не“; Доколку сакаме да внесеме ново прашање внесуваме текст во полето десно од „прашање“ и соодветно за под „а“, под „б“, под „в“, под „г“ го внесуваме и одговорот.
- Ако прашањето бара да се одбере некој од понудените одговори, можеме да употребиме 2, 3 или 4 можности. На пр. „Колку се 2+2 ?“, може да понудиме 4 одговори, но можеме и три, т.е. два. Колку полиња ќе употребиме за понудени одговори, толку ќе се прикажат во прозорецот за соодветното прашање, во клиентската апликација.
- Доколку сакате, на некое прашање можете да понудите и два или повеќе точни одговори. На пр. „Кои броеви се деливи до 9?“ И под „а“ можете да ставите неколку броеви кои се навистина деливи со 9, под „б“ можете да ставите неделиви броеви со 9, под „в“ можете да ставите повторно други броеви деливи со 9 и во војо случај од ученикот ќе се бара да кликне на две копчиња за избор на одговор (под „а“ и под „в“). Важно е во полето „одговор“ да внесеме „а,в“ што значи дека имаме два точни одговора на поставеното прашање. Точните одговори се разделуваат со запирка, така што ако имаме 3 точни одговори за едно прашање, каде се дадени 4 можности, буквите со кои се означени точните одговори ги делиме со запирка (на пр. а,б,г) каде „в“ го нема, затоа што не е точниот одговор. Истото може да се примени ако прашањето се формулира поинаку, каде треба од на пр. 4 понудени одговори да се отстранат 2 или 3 кои се неточни.
- Освен понудени одговори на копчиња за таа намена, со чие кликнување ученикот селектира еден или повеќе точни одговори, е-ТЕСТ нуди можност и за поставување прашања за кои одговорот треба да биде во облик на текст. На пр. на прашањето „Кој е главен град на Р. Македонија?“, ученикот ќе мора да го напише името на градот во полето за таа намена.
Исто така, доколку сакаме одговорот на ученикот да биде внесен текст што недостасува во прашањето, кога го пишуваме текстот во „прашање“ едноставно ставаме една или повеќе долни црти. На пр. „Земјата има _ форма “ , во полето „одговор“ го внесуваме текстот што се бара како точен одговор и притискаме на „снимај го прашањето“.
Со кликнување врз некое веќе направено прашање, истото може да го едитираме директно во полето каде што е прашањето. Може целосно да се промени прашањето или само да се интервенира во некој од понудените точни/неточни одговори. По извршената промена, кликнуваме на копчето „зачувај промена“.
Доколку сакаме да го избришиме сниманото прашање во датагридот кликаме на делот каде што сакаме и кликаме на „избриши“.
После подготвувањата на прашањата кликнуваме на „почни со тестот“ и доаѓаме до делот каде ги праќаме прашањата до клиентите.
Ни се појавува екран каде ги внесуваме адресите на клиентите и потоа кликнуваме на копчето „почни со тестот“
По завршување на тестирањето, добиваме информации за сите клиентите, за тоа колку имаат точни одговори и за колку време го решиле тестот. Сите резултати се запишуваат во текстуалниот фајл „rezultati.txt“ кој може да послужи за графички приказ на резултатите во некоја програма за табларни пресметки (на пр. Microsoft Exel).
Со копчето “врати се назад” одиме на повторно подготвување на прашања и соодветно едитирање.
- Работа со клиентската апликација
Ученикот/студентот/кандидатот прво се логира, внесувајќи свое име и презиме, како и лозинка.
Потоа тој преминува на решавање на тестот, со тоа што сè додека не го потврди одговорот, тој има можност да се премисли и да селектира одговор кој мисли дека е точен.
За цело време на одвивање на тестирањето, ученикот/студентот/кандидатот има увид во поминатото време.