Курсеви според ECDL
Што е ECDL?
Речиси во секој оглас со понуда за вработување постои услов кандидатот да знае да работи со компјутер. Бидејќи никаде не е дефинирано што поточно подразбира тој услов, често пати ги доведува во недоумица и оние кои бараат работа, и оние што ја нудат. Во некои конкурси се бара познавање од конкретни кориснички апликации, заради поефикасно извршување на работните задачи, а не заради професионално занимавање со информатика.
Затоа ние ги направивме првите чекори во воведувањето и примената на светски признатата програма за образование, како и проверка на информатичкото знаење на корисникот: European Computer Driving Licence (ECDL).
Европската компјутерска диплома е меѓународен признат сертификат за знаење и докажана компетентност, кој е базиран на програма прифатена на меѓународно ниво. ECDL сертификатот потврдува дека оној кој го поседува е вешт во користењето персонални компјутери и најупотребуваните компјутерски апликации, според високите ECDL норми.
ECDL концептот потекнува од Финска, каде во 1994 година се роди идејата за стандардизација во информатичкото образование. ECDL е проектиран и надгледуван од страната на ECDL Fondation Ltd, од Ирска. Тоа е непрофитна организација чија цел е пружање помош во подигнувањето на општото ниво на компјутерските вештини во опшеството.
ECDL е застапен во околу 140 земји, преведен е на 32 светски јазици, а преку четири милиони луѓе го поседуваат овој сертификат. Затоа ECDL е водечка светска програма за сертификација. Заради огромниот успех што ECDL го постигна во Европа, програмата е проширена и низ целиот свет, како International Computer Driving Licence (ICDL).
Наскоро очекуваме и нашата земја да стане рамноправна членка на фондацијата ECDL. Додека тоа се случи, ние решивме на време да ги подготвиме сите оние кои размислуваат за својата професионална иднина и сакаат спремни да го дочекаат воведувањето на ECDL во сите пори на нашето опшество. Не случајно владите на Австралија, Австрија, Англија, Белгија, Германија, Египет, Естонија, Ирска, Италија, Јордан, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Унгарија, Холандија, Хрватска, Чешка, Швајцарија, Шведска и многу други решиле ECDL да биде широко применета програма во едукацијата на сите возрасни групи.
ECDL се применува и во Европската комисија, UNESCO, Светската банка, во компаниите како што се Coca Cola, BMW, Opel, Volvo, IBM, Nokia, Philips, 3M, Dunlop и други, како и речиси во сите банки и мобилни мрежи во светот.
ECDL Курсеви
ECDL/ICDL се состои од седум програмски целини, односно модули:
- Основи
на информатичката технологија
- Користење компјутер и работа со
датотеки
- Обработка на текст
- Табеларни пресметки
- Бази на
податоци
- Презентации
- Информации и комуникации
Кандидатите кои
сакаат да добијат диплома можат да се пријават за испити каде било во светот
(наскоро и кај нас), да полагаат по каков редослед сакаат, во различни
лиценцирани центри за тестирање. По положувањето на сите испити се добива ECDL
сертификат, признат во целиот свет.
Повеќе
| |