Anima logo
  • Македонски
  • Shqip
  • English
Skip Navigation Links
За нас
Новости
Производи
Решенија
On-Line курсеви
On-Line продажба
Партнери
Контакт

Едукативни игри за деца

Àíèìà » Производи » Едукативни игри за деца


Забава и учење



Серијата „Забава и учење“ е наменета за најмладите и се состои од четири дискови: „Играј и мисли“, „Букви и броеви“, „Меморија и логика“ и „Мисли брзо“. Секој диск содржи повеќе разновидни едукативни игри со повеќе нивоа на тежина на играта.


Повеќе



Авантури и предизвици



Серијата „Авантури и предизвици“ е составена од два диска. „Потрага по загубените зборови“ е наменет за деца на возраст од 7 до 15 години и со оваа неверојатно интересна и возбудлива компјутерска авантура децата на забавен начин учат англиски јазик. Вториот диск од оваа серија е „Суперум“ и тој е единствениот диск во нашата понуда наменет за сите возрасти од 7 до 77 години!

Повеќе



Забавна математика



Не сите деца подеднакво ја сакаат математиката. Серијата „Забавна математика“ е наменета за полесно совладување на математичките вештини, но преку игра и забава! Првиот диск „Математички освојувачи“ е наменет за деца од 5 до 8 годишна возраст, додека вториот диск „Математичка инвазија“ е за малку поголемите, односно за деца на возраст од 7 до 11 години.


Повеќе




РЕЦЕНЗИЈА НА МУЛТИМЕДИЈАЛНИТЕ ЕДУКАТИВНИ CD-a, ВО ИЗДАНИЕ НА „АНИМА“ - СКОПЈЕ


Отсуството на медијатеките во голем број на нашите училишта како и специјализираните училници, ја наметнува потребата за постоење на современи наставни помагала. Овој едукативен мултимедијален пакет, претставен преку осум CD-a, со право може да го носи епитетот современо наставно помагало.

Несомнено и без двојба, овој мултимедијален пакет, ги задоволува основните критериуми постигнувајќи императив за индивидуализација како најсовремена форма на наставна работа.

Ако претпоставиме дека овие осум CD-a ќе завземат заслужно место во училницата, евидентна ќе биде можноста секое дете, преку игра, да се обиде самостојно да ги совлада проблемите со свое сопствено темпо. Уште поголема е и веројатноста дека детето според сопствениот интерес како и неговите интелектуални способности за краток временски период ќе се заинтересира за конкретна област.

Ненаметливо и спонтано, упатствата кои нe водат низ игра овозможуваат секое дете, на едноставен начин да се вклучи во неа, при тоа обрнувајќи особено внимание на чистиот литературен јазик.

Целната група во поголем број од CD-ата е наменета за деца кои посетуваат подготвителна година, кои, пак, со некои од содржините се совпаѓаат со наставната програма. Од овие причини CD-ата можат да се применуваат како дополнителна литература за да ги задоволат интересите на децата за совладување на одредени содржини, особено во наставата по математика, каде пред сe се води грижа за логичкото мислење и расудување, кое понатаму ќе му бидат основно мото во животот како возрасен.

После секој успешно решен проблем, со само еден збор „браво“ кај децата се всадува самодоверба и уште поголем мотив да продолжи понатаму. Само на овој начин се гради здрава личност.

Не треба да се заборави и развојот на моториката на децата на оваа возраст. Брзината со која треба да се совладаат одредените проблеми, представени преку игра, бараат од нив прецизност и вештина во движењата на раката, која со чести вежбања доведува до нејзин побрз развој.

Колоритната илустрација на сите CD-а ќе го привлече вниманието на секое дете, а беспрекорната и современа анимација содржински ќе разбуди уште поголем интерес.

Препорака:
Со големо задоволство го препорачувам овој мултимедијален едукативен пакет, со надеж дека секое дете ќе има можност да си го приушти и да си помогне во личната едукација.

Проф. Д-р Јасминка Делчева-Диздаревиќ

Институт за педагогија
Филозовски факултет Скопје

 

Рецензија за мултимедијалните едукативни CD-а во издание на „Анима“ од Скопје

Нешто ново за децата од Република Македонија
За прв пат, на македонскиот пазар се појавија мултимедијални интерактивни едукативни CD-а, на македонски и албански јазик. CD-а кои по својата содржина и намена се првични AV материјали од ваков вид и како на такви, мора да им се даде соодветно место и простор во образовниот процес.
Живееме во време на подемот на информатичката технологија, каде компјутерот сe почесто е составен дел од софистицираните училници и училишните библиотеки-медијатеки, но и детските соби. За жал, сe до сега, децата го користеа компјутерот уште од рана возраст, но со делумно разбирање на понудените содржини, бидејќи ништо не беше понудено на нивниот мајчин јазик.

Целна група
Во основа осумте CD-а се наменети за деца од 3 до 15 години, со исклучок на едно CD, („Суперум“) кое сепак ја опфаќа и возраста од 7 до 77 години. Ако се знае дека сите деца не напредуваат подеднакво и немаат исти коефициенти на способности и интелигенција, овие CD-а им нудат еднакви услови на анимирање и едукација бидејќи содржат повеќе нивоа на тежина на усвојувањето на понудените содржини, а со тоа, децата кои побргу напредуваат, лесно ќе можат да преминат на повисоко ниво на сложеност, додека децата со побавен развој ќе бидат среќни што се во состојба да ги решат поставените задачи.

Првите реакции на целната група
Сите 8 CD-а веднаш по нивното издавање станаа составен дел од библиотечниот материјал во првата училишна библиотека-медијатека во Македонија, во ЦОУ „Рајко Жинзифов“, во скопската населба Драчево.
Првичните сознанија ги надминаа очекувањето. Самата опаковка на CD-ата веднаш го привлече вниманието на учениците, а бидејќи во просториите на училишната библиотека-медијатека има повеќе компјутери до кои учениците имаат слободен пристап пред и по часовите, овој библиотечен материјал за само една недела стана најупотребуван. Подеднакво го привлече вниманието на учениците од прво до осмо одделение, а како експеримент беа понудени и на еден мал број на деца од предучилишна возраст.
За само неколку дена, најголем дел на учениците кои преку Internet користеа различни игри се преорјентираа на користење на овие CD-а. На прашањето: Зошто го прават тоа, најчесто одговараа дека овие игри им се поразбирливи и поинтересни.

Ненаметлив начин на учење
Преку понудените содржини во овие CD-а децата имаат можност, на современ и атрактивен начин трајно да усвојат низа содржини кои кореспондираат со образовниот процес. Така можат да научат да разликуваат форми и бои (Играј и мисли), да ги научат буквите и броевите (Букви и броеви), да уочуваат сличности и разлики (Меморија и логика и мисли брзо), преку игра да ги надминат проблемите во восприемање на голем број на основни содржини од областа на математиката (Математички освојувачи и Математичка инвазија), да надополнат и трајно усвојат определен дел на содржини од различни наставни области, како на пример почетното изучување на англискиот јазик и сл.
Децата од возраст од 4 до 10 години, дури не се ни свесни дека на тој начин учат, тие едноставно мислат дека само играат, но притоа трајно усвојуваат определени знаења кои понатамо им користат во образовниот процес.

Најтрпелива стимулативна и ненасилна едукација
Субјективниот фактор на секој едукатор има граници на трпение и толеранција, машината ги нема. Токму овие CD-а преку учењето на грешки и повторување, за кои детето нема да биде искритикувано ниту понижено ја зголемуваат неговата самодоверба. Иако repeticio est mater studiorum, овие CD-а не нудат само учење на грешки, туку истовремено ја развиваат детската креативност. Пријатните гласови и тонови го претвараат користењето на овие CD-а во пријатно дружење при што смирувачки и позитивистички делуваат на корисниците особено кога корисникот ќе постигне повисоки резултати. Награда со „диплома“ значи потврда на постигнатиот успех и развивање на самопочит, нешто што возрасните во денешни услови многу ретко го развиваат кај децата во нашата средина.
И она што е многу битно, овие CD-а пленат со својата позитивна енергија, пријатниот дизајн на анимациите исполнети со живи бои и што е најважно не поттикнуваат насилие за разлика од најголемиот дел на компјутерски игри кои нашите деца ги користат.

Препорака
Врз основа на моето долгогодишно искуство сметам дека овие CD-а мора да станат составен дел на наставните помагала во основното образование и составен дел на библиотечниот материјал во училишните и детските библиотеки. Нивната повеќекратна функција и разновидна содржина ги надминува класичните прирачници, работни тетратки, боенки, сликовници, енциклопедии и речници.

Јелица Мариќ
Училишен библиотекар-медијатекар
во ЦОУ „Рајко Жинзифов“ нас. Драчево - Скопје

Skip Navigation Links.
Collapse ПроизводиПроизводи
Collapse Едукативни игри за децаЕдукативни игри за деца
Collapse Забава и учењеЗабава и учење
Играј и Мисли
Букви и Броеви
Меморија и Логика
Мисли Брзо
Collapse Авантури и предизвициАвантури и предизвици
Потрага по загубените зборови
Суперум
Collapse Забавна математикаЗабавна математика
Математички освојувачи
Математичка инвазија
Collapse Курсеви за компјутериКурсеви за компјутери
Collapse Курсеви според ECDLКурсеви според ECDL
Основи на информатичката технологија: Компјутери за почетници
Користење компјутер и работа со датотеки: Windows XP
Обработка на текст: Word 2003
Табеларни пресметки: Excel 2003
Бази на податоци: Access 2003
Презентации: PowerPoint 2003
Информации и комуникации: Интернет
Collapse Графички дизајнГрафички дизајн
Photoshop CS
CorelDRAW 12
Collapse Деловна примена: Office XPДеловна примена: Office XP
Word 2002
Excel 2002
Access 2002
Outlook 2002
PowerPoint 2002
FrontPage 2002
Collapse Оперативни системиОперативни системи
Windows XP
Windows 98
Collapse ИнтернетИнтернет
Интернет
Collapse Office 2000Office 2000
Word 2000
Excel 2000
Collapse Курсеви за странски јазициКурсеви за странски јазици
Полиглот
Англиски за деловни контакти
Корисничко најавување
Корисничко име:


Лозинка:


Регистирај се!


© Анима, 2007. Сите права запазени.