Anima logo
  • Македонски
  • Shqip
  • English
Skip Navigation Links
За нас
Новости
Производи
Решенија
On-Line курсеви
On-Line продажба
Партнери
Контакт

Новости

Анима » Новости

03.11.2009
Анима го регистрира доменот navirec.com.mk и со тоа стана провајдер на најдобриот GPS систем во Европа - Navirec. Анима стана ексклузивен претставник на Navirec за Македонија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Бугарија и Турција. Погледнете ја најновата видео презентација за Navirec GPS системот.
26.12.2007
Анима склучи Договор со Министерството за образование и наука на Р. Македонија, за обезбедување консултантски услуги за потребите на Министерството и обезбедување обука на наставниците во основните и средните училишта во Македонија, опфатени со Проектот за модернизација на образованието.

Нашето софтверско решение за подготовка на тестови и компјутерско тестирање на знаењата на учениците наиде на огромен интерес кај многу наставници, така што почнувајќи од 2008 година, во училиштата кои пројавија интерес за е-Тест Анима ќе спроведе обука и ќе се започне со активна примена на овој наш најнов софтвер.



Министерот за образование и наука, г-дин Сулејман Рушити и директорот на Анима, г-дин Ванчо Зрнцев, за време на коктелот после склучувањето на Договорот.
18.12.2007
Фирмата Анима е избрана за најповолен понудувач на тендерот што го објавија Македонски Телекомуникации, посветен на On-Line обуки/содржини.

Изборот на нашата фирма за нас претставува голема чест и задоволство, но и обврска, затоа што огромен број корисници на интернет ќе се обучуваат со нашите девет On-Line курсеви.
16.10.2007
Во склоп на проектот за модернизација на образованието (ПМО) Анима е акрeдитирана како установа – понудувач на обуки и програми за воспитно образовниот и раководниот кадар во училиштата.

Потпишан е Договор со Бирото за развој на образованието (БРО) при Министерството за образование и наука на РМ.
Анима доби акредитација за следните свои програми:

  1. Примена на едукативен детски софтвер во интерактивното учење и настава
  2. Примена на софтвер за подготовка на тестови и компјутерско тестирање на знаењата на учениците, со можност за следење на нивниот напредок
  3. Далечинска (On-Line) обука за ИКТ вештини за наставниците
  4. Најсовремен начин на презентација со помош на дигитални фолии
10.01.2007
За потребите на проектот „Е-школо“, од Анима беа купени 330 комплети (составени од 8 CD-a) со едукативни игри, по еден комлет за секое централно основно училиште во Македонија.

E-школо е проект финансиран од Агенцијата на Соединетите Американски држави за меѓународен развој (USAID), во соработка со Министерството за образование и наука на Република Македонија, во кој се користат компјутерите донирани од Владата на Република Кина, со цел воведување на новите концепти на информатичките и комуникациските технологии во образованието.

11.10.2004
Почна продажбата на GPS уреди за пасивна и активна GPS контрола на возила.
12.08.2002
Во АНИМА се формира сектор за развој на дигитални векторски патни карти на Македонија, со цел, по завршувањето на мапите, да се понуди квалитетно GPS решение.
01.02.2001
Со работа започна првото студио за мултимедиални компјутерски курсеви во Македонија - Анима.
Корисничко најавување
Корисничко име:


Лозинка:


Регистирај се!


© Анима, 2007. Сите права запазени.